Како дел од осмото издание на биеналната изложба насловена „Кумановски графичари“, која деновиве се одржа во Ликовниот салон на Народниот музеј од Велес, беа претставени графики од 13 уметници. Изложбата беше во организација на центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово. Како што истакна Анита Василкова Мидоска в.д. директорка на Народниот музеј, која ја отвори изложбата, во суштината на овој проект тлее стремежот да се овозможи континуитет во презентирањето на најновотo графичко творештво од Куманово.

На изложбата се претставени дела на 13 автори, кои се репрезенти на оваа изложба, и тоа Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска…

– Учеството на овие 13 автори, за кои авторот на проектот Роберт Цветковски, вели дека претставуваат репрезент на моменталната состојба во графичкото творештво на локално ниво мислејќи на Куманово и Кумановско, овозможува широк дијапазон на различни приоди кон овој сегмент на ликовниот израз и токму оваа различност ѝ дава динамика, разиграност и варијабилност на целокупната концепција на изложбата. Несомнено, во своите дела секој уметник поаѓа од сопствената инспирација преточена во сопствениот и личен ликовен ракопис – појасни Василкова Мидоска.