Посетителите на Музејот на современата уметност ќе може да ја посетат втората поставка на изложбата „Скопје одново“, која во фокус го става процесот на основањето на Музејот и на неговата исклучителна меѓународна колекција.
Изложбата обработува нови аспекти и автори од колекцијата, вклучувајќи дела на некои од најзначајните автори, чии дела се дел од колекцијата на музејот, како Ники де Сен Фал, Дејвид Хокни, Ана Ева Бергман, Карлос Круз-Диез, Јон Григореску…
Со замената на делата, уметничкото наследство се заштитува од надворешни влијанија за идните генерации. Дополнително, овој вид интервенција овозможува самата инсталација да живее и да продолжи да се развива.
Изложбата „Скопје, одново“ е резултат на соработката помеѓу МСУ и Амбасадата на САД во Скопје, а кураторки на изложбата се Ана Кац и Кумјана Новакова.