Со „Вечер на француска музика“ денеска во Националната Галерија  – “Даут Пашин Амам” Скопје ќе биде отворено првото издание на Интернационалниот фестивал на камерна музика „Скупи Камерфест 2018“.

Гости на првиот концерт во рамки на фестивалот се пијанистот Пиер – Лорен Бушарл (Pierre-Laurent Boucharlat) од Франција, виолинистката Сихана Бадивуку од Косово и македонскиот уметник на виола Блерим Груби, кој е уметнички раководутел на манифестацијата.

На програмата се дела од Шубер, Сен-Сан, Дебиси и Санкан.

Фестивалот е во организација на непрофитната организација „Муза“, а е поддржан од општина Чаир.