Ова не се единствените филмски награди каде што жените од филмската индустрија се ставени настрана. Статистките покажуваат дека од 1946 година до денес само пет отсто од филмовите во главна конкуренција на Канскиот филмски фестивал ги режирале жени, а меѓу добитниците на гран прито во Кан само четири отсто се жени – го добиле Марта Мезарос за „Дневник за моите деца“ (1984 г.), Наоми Кавасе за „Утринска шума“ (2007 г.) и Алис Рорвахер за „Чудата“ (2014 г.). Златната палма во историјата на Кан ја освоила само една жена, Џејн Кемпион за „Пијано“ (1993)

По номинациите за годинашниот „оскар“, забележливо е дека меѓу кандидатите за најдобра режија нема жени, како и дека меѓу 20-те номинирани глумци и глумици, само една е од афроамериканско потекло.
– Честитки за овие мажи – рече водителката на церемонијата на номинации за „оскар“, Иса Реј, откако е објавено дека за „оскар“ за најдобра режија нема да се натпреваруваат режисерки, а оваа тема кружи низ социјалните мрежи со хаштагот „режисерите се толку машки“.

Годинешните номинации покажуваат константен тренд на заобиколување на жените режисери, а до денес единствена жена што го освоила „оскарот“ за режија е Кетрин Бигелоу за филмот „Катанец за болка“.
Видлив е уште еден проблематичен тренд кај годинешното доделување на номинираните глумци и глумици – единствено Синтија Ериво, која игра во филмот „Хериет“, е Афроамериканка. Тоа ги наведе корисниците на Твитер да го оживеат хаштагот „оскарот е толку бел“ од 2015 година.

Академијата за филмска уметност не одговори на барањето да ги коментира критиките на нејзина сметка поради недостигот од разноликост. А од трката за „оскар“ излегоа ѕвезди како што се Џенифер Лопез, Бијонсе и Роберт де Ниро. Свеченоста на доделувањето ќе се одржи на 9 февруари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Инаку, ова не се единствените филмски награди каде што жените од филмската индустрија се ставени настрана. Статистките покажуваат дека од 1946 година до денес само пет отсто од филмовите во главна конкуренција на Канскиот филмски фестивал ги режирале жени, а меѓу добитниците на гран прито во Кан само четири отсто се жени – го добиле Марта Мезарос за „Дневник за моите деца“ (1984 г.), Наоми Кавасе за „Утринска шума“ (2007 г.) и Алис Рорвахер за „Чудата“ (2014 г.). Златната палма во историјата на Кан ја освоила само една жена, Џејн Кемпион за „Пијано“ (1993). За наградата „златен глобус“, пак, во 2018 година, на пример, меѓу филмовите номинирани за најдобра режија немаше ниеден филм создаден од жена. И лани меѓу номинираните за наградата „оскар“ немаше ниеден филм режиран од жена.