Во ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп во тек е ликовниот проект „Орнаментот како пејзажен знак“ на уметникот Атанас Атанасоски. Идејата, вели уметникот, сѐ надоврзува на претходните изложби во кои концепцијата се темели на монохромијата, минимализмот, математиката – геометријата (линии, форма, структура, боја). Целта е барање на естетиката на хармонизирање на соживотот помеѓу човекот и природата.
– Играта на точно одредените линеарни визури, ликовната изведба се фокусира на природните материјали како податни ресурси при обликувањето на вегетативните структурални површини. Од културната стратиграфија, како инспиративен момент е орнаменталната декорација, кој и претходно била својствен мотив за мојот творечки сензибилитет. Орнаментот во овој проект нема само декоративна функција, туку претставува конститутивен елемент, кој ќе ја изгради семиолошката и симболичка структура – вели Атанасоски.