Националната опера и балет ги најавува оперските рецитали кои ќе се одржат в петок и в сабота во фоајето на НОБ, во пијано придружба Андреј Наунов.

В петок настапуваат Злата Тошевска, Марика Поповиќ, Невен Силјановски и Ана Ројдева. В сабота настапуваат Билјана Јосифов, Дејан Стоев, Десанка Глигоријевиќ и Драган Ампов.

Билетите се во строго ограничен број. Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.