Оваа година Мајските оперски вечери ќе бидат одбележани на еден поинаков начин. На официјалниот Јутуб канал, публиката ќе има има можност да проследи 10 продукции на Националната опера и балет, осум оперски и дбе балетски.

– За почеток, на 9 мај ќе можете да ја проследите дигиталната премиера на најновата продукција на операта „Кармен“, на 12 мај балетската претстава „Рајмонда“, 15 мај „Турандот“, 17 мај „Кавалерија Рустикана“ и оперскиот концерт по повод 70 години од оперската уметност. На 19 мај ќе имате можност да го проследите балетскиот концерт „Балетски бисери“ а на 22 мај операта „Фауст“. На 24 мај, по повод празникот „Св. Кирил и Методиј“ ќе имате можност да ја проследите операта „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски. Операта „Адријана Лекуврер“ ќе биде емитувана на 26 мај, а операта „Травијата“ на 29 мај. За крај традиционално, како што и би го завршиле фестивалот Мајски оперски вечери, на 31 мај ќе ја емитуваме операта „Аида“ – соопштија од НОБ.

Директорот на Националната опера и балет, Васо Ристов вели дека Мајските оперски вечери се крстопат на цивилизации и култури од целиот свет.

– Почитувани вљубеници во оперската уметност, колеги уметници, драги
соработници, почитувана публико, Ви благодарам што за изминатите 47
години на одржување на Мајските оперски вечери секогаш сте ни давале
поддршка, исполнувајќи го нашиот салон со топлина и љубов. За жал
пандемијата ги промени сите планови што ги имавме за овогодинешните
48-ми по ред Мајски оперски вечери, но сепак засега ќе ги одбележиме со
избор од онлајн престави во текот на целиот месец мај – вели Ристов. 

Уметничкиот раководител на операта, Бисера Чадловска, вели дека ова е период од годината кога тие, вработените во Националната опера и балет, се секогаш најпродуктивни и во зенитот на нивната оперска и балетска сезона.

– За нас, 9 мај е најочекуваниот ден во годината, ден до кој доаѓаме по период исполнет со макотрпна работа, труд но и возбуда поради тоа што не очекува во текот на месец мај. Нам уметниците, оваа година ќе ни недостига чувството на исполнетост, креативен порив и адреналинот кој го чувствуваме додека сме на сцена за време на нашите претстави. Верувам дека сите емотивно го доживуваме овој перод и со нетрпение очекуваме да се вратиме на нашите работни места – вели Чадловска. 

За распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја веб
страната www.operabalet.mk, и претплатете се на
официјалниот јутјуб каналwww.youtube.com/user/makoib.