Во oпштината Карпош од 29 до 31 август ќе се одржува „Културно лето – Карпош 2019 година“ на две локации, на плоштадот „Делфина“ (29 и 30 август) и на познатото плато пред „Млечен ресторан“ на 31 август.

Манифестацијата вклучува домашни докажани изведувачи, но и млади таленти, а програмата ќе ја води Жаре од телевизиската емисија „1 на 1“.
На 29 август, годинашното издание на „Културното лето“ ќе биде отворено во 19.30 часот со детската претстава „Зеленковци“ во изведба на „Театар Провокација“, а од 20.45 часот ќе настапат музичарите: Гуру Харе, Антониа Гигоска, Мики Јовановски-Џафер и Емилија Колоска.

На 30 август, со почеток од 19.30 ќе се одржи перформанс на емисијата „Петко 5+“ и „Фамилијата“, а програмата ќе продолжи со настап на меѓународен хор со изведба на светски поп-рок хитови во 20.30 часот. За 21.15 часот е закажан почетокот на настапот на музичката група „Нокаут“.

На последниот ден, 31 август, ќе настапат младите јутјубери Џипи и Стефонатор во 18.30 часот, а од 19.15 часот па до крајот, публиката ќе има можност да го проследи настапот на музичарите: Слаткаристика, Александар Митевски и Дац, и Дани Димитровска.