Студентското Археолошко Здружение „Аксиос“ денес на пладне ја одржа промоцијата на третиот број на нивното електронско списание по археологија и историја „Аксиос“ во салата за седници при Филозофскиот факултет во Скопје.

За време на промоцијата своите трудови накратко ги претставија студентите Игор Ефтимовски, Владимир Таневски и Васко Гичевски. Овогодишниот број на списанието содржи осум труда подготвени од страна на седум студенти од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија. 

Членовите на археолошкото здружение на завршувањето на промоцијата упатија повик до сите кои се заинтересирани за соработка и учество во проекти и за идниот број на нивниот весник, на кој веќе почнале да работат, а планираат да биде објавен во 2019 година. 

В.Т.