Во издание на „Паблишер“ излезе од печат книгата „Мала веројатност“ од холандската авторка Марјолајн Хоф. Преводот на македонски е на Ели Пујовска. Книгата е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Малку тажен, а истовремено духовит, „Мала веројатност“ е необичен роман за растењето и за приврзаноста, за љубовта и за надежта.
Марјолајн Хоф е холандска писателка. Од 1999 година му се посветила на пишувањето. Дебитирала во 1999 г. со романот за деца „Најубавиот цвет во квартот“. Досега има објавено дваесетина книги за деца и млади, преведени на 14 јазици. Освен за деца и млади, Марјолајн Хоф пишува драми и поезија и е една од најуспешните холандски меѓународни признаени авторки за деца. Меѓу наградите што ги има добиено се и „Златно перо“ и „Златен був“ за книжевност за деца.