Издавачката куќа „Македоника литера“ деновиве го објави романот „Во темнината“ од чешката писателка Ана Болава, во превод од чешки јазик на Јасминка Делова-Силјанова. Оваа книга е наградена со највисоката книжевна награда во Чешка, „магнезија литера“, за проза за 2016 година.

Романот е лелеава приказна за билките. Во него е раскажана приказна за осамена и болна жена, која цел живот е зависна од собирање лековити билки. Најголемиот дел од својот живот таа го посветува на собирање, сушење и продажба на билки. Собирањето, сушењето и испораката на лековитите растенија за главната хероина е хоби што се граничи со зависност; билките се на прво место, а сè друго се чини дека за неа е од мала важност. Жената е многу осамена, но таа е и многу среќна. Но, за жал, животот посветен на билките не ја заштитува хероината од сериозна болест. Приказната кажува дека секоја зависност, па дури и спрема добрите нешта, води до изолација на личноста.

Ана Болава, чие вистинско име е Бохумила Адамова (1981), е чешка прозаистка и поетеса. Авторка е на следните дела: „Црна година“ (2013), збирка поезија; „Во темнината“ (2015), роман; „На дното“ (2017) година, роман, кој исто така беше номиниран за „магнезија литера“.