По одржувањето на ексклузивната претпремиера на првата серија „УСПЕХ“ од оригиналната продукција на HBO Europe во нашиот регион, објавен е и новиот тизер трејлер.

Серијата ќе биде достапна за гледање од 6. јануари 2019 година преку HBO GO услугата и HBO каналите во земјите од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), како и во Централна Европа, Скандинавија и Шпанија.

Сценариото за серијата „Успех“ во шест продолженија го напиша Марјан Алчевски, еден од победниците на HBO Adria First Draft натпреварот, а режисер е оскаровецот Данис Тановиќ

Извршни продуценти на серијата се Стив Метјус и Џонатан Јанг (HBO Europe), надзорна продуцентка е Ема Тарнер (HBO Europe), продуценти се Ана Балентовиќ (HBO Europe), Небојша Тараба и Миодраг Сила („Drugi Plan“).

„Сценариото е одлично напишано и беше навистина интересно да се следи развојот на приказната и да се набљудува како секој член на екипата го дава својот креативен придонес. Од подготовка на снимањето, осмислување на костимите и сценографијата, преку начинот на кој Данис направи актерите да уживат во своите улоги, па сè до самиот процес на постпродукција. Веруваме дека „Успех“ е серија чиј квалитет гледачите ќе го препознаат, а новиот тизер трејлер само дополнително ќе ги заинтригира преку ликовите, дејството и атмосферата.“ – изјави Ана Балентовиќ.

„УСПЕХ“ е повеќеслојна драма фокусирана на силни ликови. Тројца луѓе кои не се познаваат ќе ги поврзе несреќен редослед на настани во моментот кога ќе се обидат да помогнат на една жртва на насилство. Со оглед дека последиците од нивните дела започнуваат да се вовлекуваат во секој аспект од нивните животи, тие обични луѓе со различно потекло одлучуваат повторно да воспостават контрола врз своите животи. Станува збор за горчлива ода на градот Загреб која донесува мрачен увид во различните структури на денешното општество претставен низ животните приказни на обични луѓе кои друштвото ги довело до работ. Иако на прво поглед е повеќе загрепска серија, „УСПЕХ“ е универзална приказна во која преку љубовта, работата, семејството, преданоста, несигурноста и злосторството ги истражуваме чувствата на фрустрација, беспомошност и пасивност во секојдневниот живот на обичниот човек во регионот и пошироко.

Во главните улоги ќе ги гледаме Тони Гојановиќ, Тара Талер, Ива Михалиќ, Уликс Фехмиу и Марија Шкаричиќ.

Во останатите улоги настапуваат: Горан Богдан, Горан Навојец, Ивана Рошчиќ, Леон Лучев, Борут Веселко, Јасна Жалица, Мислав Чавајда, Никша Бутијер, Бојан Навојец, Барбара Вицковиќ, Миран Курспахиќ, Тихана Лазовиќ, Вилим Матула, Ѓорѓе Кукуљица, Дијана Видушин, Филип Маер, Дамир Пољичак, Тена Гајски, Младен Ковачиќ, Павле Матушко, Матија Качан, Дора Перојевиќ и многу други.