Факултетот за драмски уметности ја објави книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски, чии приредувачи се Јелена и Андреј Цветановски. Дизајнот е на Сергеј Светозарев, а автори на предговорот и на поговорот се Мими Таневска-Србиновска и Владо Ѓорески-Рафик.
– „Театарски белешки“ се избор на ракописи од дневникот на Владо Цветановски, во кој се втиснати неговите размисли, слики и емоции што го пресретнувале во потрагата по театарската вистина. Тие овозможуваат продлабочен увид во дел неговиот богат творечки опус и неговите истражувања на театарскиот јазик. Во таа смисла, книгата е значајна и за проучувањата на македонската театрологија, како и за историјата на македонскиот театар – посочуваат приредувачите на книгата.