Деновиве излезе од печат книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев, во издание на фондацијата за македонски јазик „Небрегово“.

Во книгата, Конески е претставен во редот на македонските константи на 20 век (Крсте Мисирков и Кочо Рацин), во редот на светската лингвистика и славистика, преку македонските културни акции во кои имал главен збор (кодификацијата на македонскиот јазик, основањето на универзитетот), како и меѓу неговите најблиски соработници од областа на македонистиката, и пошироко, од македонската литература и културна историја.

„Окружието на Конески“ е работена на фонот на целокупното дело на Конески, на фонот на литературата за Конески, како и на македонистиката и општата лингвистика, која кореспондира со творештвото за Конески.
Промоцијата на книгата ќе се одржи утре, во 12 часот, во спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово.