Вечерва, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Новогодишниот гала-концерт на Македонската филхармонија, под наслов „Точно на полноќ“.

На програмата се популарни дела од класичната музика, кои ќе нѐ поведат низ пределите на студената Русија до топлиот Бразил, ќе ни ја покажат виенската галантност, но и унгарскиот уникатен фолклор, или израелската звучна специфичност и волшебна музичка синтеза, па американската џез-култура, францускиот уметнички шмек или англиската префинетост, до македонската традиционалност, дела од Глинка, Бизе, Сен-Санс, Гершвин, Штраус, Лист, Глишиќ… Концертот ќе го диригира маестро Јерухам Шаровски од Израел, а солисти на кларинети се браќата близнаци од Израел – Даниел и Александар Гурфинкел, познати како „Дуо кларинети Гурфинкел“, кои веќе се етаблираа како едни од најзначајните уметници на денешнината.