Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави книгата „И на небо и на земја“ од македонскиот теолог и филозоф, отец Милан Ѓорѓевиќ. Ова е трета книга на Ѓорѓевиќ и претставува кодекс на научни и есеистички сочиненија групирани во три поглавја. Отец Милан Ѓорѓевиќ е вонреден професор на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Централната тема што ги проникнува сите три тематско-методолошки целини на книгата е тензијата меѓу историското и метаисториското, од една страна, и тензијата меѓу различните димензии за историчноста, од друга страна. Во текстовите поместени во книгата се опфатени тематски области како современото истражување на византиската филозофија, патристиката, систематското и евхаристиското богословие, потем историјата на просветителството во Македонија…

Милан Ѓорѓевиќ е автор е на повеќе од 40 научни трудови од областа на филозофската и теолошката византологија, патрологијата, христијанската етика и аскетското богословие, пастирската психологија и книжевноста.