Во издание на Кродо од Скопје од печат излезе монографијата насловена „Спасе Куновски – за сеништата на војната и маските на мирот: човекот како марионета“ за уметничкиот опус на македонскиот уметник Спасе Куновски чиј автор е Д-р Љубен Пауновски.

Авторот на монографијата извлекува заклучок дека во однос на социјалната егзистенција на луѓето, на сликите на Куновски им е својствена идеата за човекот како потрошна и потрошувачка марионета на војните, на колективните и индивидуалните верувања и идеологии, а во однос на психо-физичката индивидуална егзистенција, својствена им е идеата за човекот, генерално, како битие на илизии и сугестивност.

Монографијата, која е поддржана од Министерството за култура на конкурсот за проекти од нацонален интерес во културата за 2019 година, е на 120 страници во А4 формат и тврди корици, со околу стотина колор репродукции и со превод на аглиски јазик на студијата за сликарството на Куновски.