Националната опера и балет ќе ја отвори сезоната 2019/2020 во која одбележува 70-годишен јубилеј од премиерата на Балетот на МНТ, со две балетски премиери во иста вечер – „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“, беше соопштено на денешната прес-конференција.

Својата прва премиера, Балетот на МНТ ја прикажал на 27 јануари 1949 година во кореографија на Ѓорѓи Македонски, под диригентската палка на Трајко Прокопиев, сценограф Василие Поповиќ – Цицо, костимограф Милица Бабиќ – Јовановиќ, беше изведен балетот „Валпургиска ноќ“ од операта „Фауст“ на Шарл Гуно. Во таа прва претстава настапиле: Ѓорѓи Македонски, Анелизе Асман, Драган Савиќ, Благовеста Каваја, Жика Сувачеревиќ…