Поетот Ненад Јолдески од Струга е избраниот државен претставник за Европскиот слем-натпревар за 2020 година, на Националниот поетски слем-натпревар, кој деветти пат се одржа изминатиот викенд во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Јолдески учествуваше со песната „Како паѓаме јас и ти?“

Во најтесен избор покрај Јолдески беа и поетот Ѓоко Здравески и раперот Горазд Кени, а учествуваа и поетите: Габриела Стојаноска-Станоеска, Димитри Соле Љубин, Драгица Здравеска, Жаклина Филипова-Свеќаровска, Исидор Јованоски, Исток Улчар, Јулијана Маринковиќ, Константин Карев, Кристина Ставревска, Перо Сарџоски, Розе Милкова, Снежана Паноска, Тихомир Јанчовски и Хемфри Димовски. Во ревијалниот дел настапија Бранислав Николов-Фолтин и Цветанка Колева, како и соорганизаторите Игор Трпче и Елена Пренџова. Националниот поетски-слем го организира здружението на граѓани „Театарска работилница Прилеп“.