Сонцето (Ѕвездата) од Кутлеш е поврзано со култот на сонцето кај Античките Македонци. Според материјалните и пишаните историски извори од античкиот период, сонцето е најважниот автохтонен култ на Старите Македонци.

Од друга страна, соларната иконографија не е карактеристична за Хелените и сонцето како симбол не се сретнува на територијата на Стара Грција, со исклучок кога станува збор за надворешно влијание. Култот кон сонцето најрано се сретнува кај пајонските племиња на нивните монети од VI век п.н.е..

Максим од Тир запишал дека кај пајонските племиња бил раширен култот кон сонцето и според овој извор: „Пајонците го слават Хелиј носејќи лик на пајонскиот Хелиј во вид на мал диск ставен на долга тојага“.

Јуџин Н. Борза, истакнат специјалист за македонска античка историја, вели дека голем дел од централна и делови на Горна Македонија (денешна Република Македонија) биле населени од „конзервативните негрчки Пајонци“.