Деновиве во Битола ќе се одржи недела на австралиски филм.
Ревијата на филмови ќе ја отвори амбасадорката на Австралија, Рут
Стјуарт, в понеделник на 8 април во Центарот за култура Битола.

На отворањето ќе биде прикажана комедијата „Црвениот пес”, филм
кој освоил 11 награди и имал 15 номинации, меѓу кои и награда за
најдобар филм на ААЦТА.

„Неделата на австралиски филм” за прв пат се одржува во Битола и е
организирана во соработка со амбасадата на Австралија за Србија,
Македонија и Црна Гора, и Кинотека на Македонија.

Во рамките на ревијата филмови ќе бидат прикажани пет филмови.

М.М.