По цели 16 години од неговото прво, па и последно одржување, продукцијата „Авалон“ го реобновува фестивалскиот бренд „Скопје звучи убаво“, овој пат со неверојатно свежа и актуелна комбинација на регионални артисти.
Ќе настапат бендовите што го претставуваат најдоброто од алтернативната музичка сцена во регионот: „Буч Кесиди“, српското рок-електро-дискодуо, мистериозниот загрепски дует „Ниплпиплс“, одличниот македонски бенд „Фанк шуи“ и хрватската поп-група „Свемирко“.
Фестивалот ќе се одржи на 8 септември, Денот на независноста на Македонија, на стадионот на АРМ, во срцето на Скопје. Интенцијата на фестивалот е да го спои најдоброто од Македонија со најдоброто од регионот на независната регионална сцена, славејќи го младешкиот урбан, независен и пркосен дух.