Изложба на дела од членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп ќе биде отворена вечерва од 19.00 часот во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“.

На изложбата ќе бидат претставени дела од Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Александра Ацеска, Александар Џинго, Драган Вергоски- Алпи, Ферди Булут, Викторија Димеска, Павлинче Илијеска, Кристијан Јованоски, Методија Јорданоски, Васил Костов, Лепа Милошевска, Верче Николоска, Јасмина Руневска, Дарко Талески, Наде Тоскоска, Драган Михајлоски- Пижа, Емил Димоски и др.

Уметниците ќе ја претстават својата едногодишна творечка работа пред љубителите на уметноста.

Ка.М.