Изложба на уметнички дела насловена „Зад виножитото“ од Калина Брајковска ќе биде отворена вечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Станува збор за слики изработени со масло на платно кои ќе бидат изложени во големиот изложбен салон на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Калина Брајковска се занимава со применета уметност (дизајн) и сликарство од мала возраст. Реализирала повеќе изложби од кои позначајни се: групната изложба во галеријата на НЛБ Банка, дизајн на парчиња облека на Неделата на дизајн во Куршумли Ан, изложбата во фоајето на МКЦ Скопје, на Саемот за дизајн во Торино (Дизајн на парчиња облека) и во Галеријата на МКЦ.