На македонски „Градот и градот“ на Чајна Миевил

Во издание на „Бата прес“, на македонски е објавено делото „Градот и градот“, најпозната книга од реномираниот британски писател Чајна Миевил. Според овој роман во Лондон е снимена популарна телевизиска серија во продукција на Би-би-си.
Станува збор за детективски роман, со елементи на фантастика. За пронајденото тело на убиена млада жена, инспекторот Борлу од Единицата за екстремни злосторства смета дека тоа ќе биде рутински случај. Но како што напредува истрагата, доказите почнуваат да укажуваат на меѓународни заговори што се многу почудни и попогубни отколку што претпоставуваше. Поделениот град, пак, го потсетува авторот на Скопје, Берлин, Сараево, Будимпешта.

– Одличен роман на тема полициски процес и прекрасна урбана фантастика, ова е основно четиво за љубителите на детективски и фантастичен роман – коментира „Буклист“.
Според „Лос Анџелес тајмс“, кога духовното чедо на Филип К. Дик и Рејмонд Чандлер би го негувал Франц Кафка, делото што би настанало од тоа би потсетувало на романот „Градот и градот“ од Миевил.

Чајна Миевил (1972 г.) е писател, есеист, книжевен критичар и левичарски активист. За своите книжевни дела ги има добиено наградите: „Артур Ч. Кларк“, британската награда за фантастика, наградата „локус“, а „Њујорк тајмс“ го прогласи делото „У Лун Дун“ за бестселер за млади читатели. Живее и работи во Лондон.