Ли Креснер, големата американска сликарка и пионерка на апстрактниот експресионизам, која досега главно беше во сенка на својот сопруг, Џексон Полок, најпосле доби внимание во Европа. Лондонски „Барбикан“ беше првата станица на нејзината патувачка изложба – ретроспектива „Ливинг колор“, која сега оди понатаму – во Франкфурт, Берн и во Билбао

Европските музеи веќе нудат или наскоро отвораат низа извонредни изложби, меѓу кои се издвојуваат оние посветени на делата на американските уметници Синди Шерман и Ли Креснер, Софонисба Ангвисола, дворска сликарка на шпанскиот крал Филип Втори, како и на Лавинија Фонтана, првата професионална сликарка во историјата на уметноста.

Така, во „Тејт Британ“, во Лондон, до 11 август, беше отворена изложбата на славниот холандски сликар Винцент ван Гог во своите рани дваесетти, во период од три години, живеел во Лондон, а животот во овој град значајно го обележал неговото творештво. За тоа како мајсторот на постимпресионизмот се снашол во главниот британски град и како се соживеал со тамошната култура говореше изложбата „Ван Гог и Британија“, која покрај делата на самиот Ван Гог, ги опфати и делата на британските уметници што на некој начин биле врзани за брилијантниот но измачен гениј. Меѓу нив се Френсис Бејкон и Дејвид Бомберг.

Под наслов „Јас сум некој друг“, изложбата во амстердамскиот музеј „Стеделијк“ беше прва холандска ретроспектива на австриската сликарка Марија Ласниг, која почина во 2014 година, и која во својата препознатлива работа става акцент на телото. Оние што сакаа да се запознаат со нејзиниот интересен опус имаа можност да ја видат изложбата и во Виена, каде што на 6 септември, непосредно пред нејзиниот 100. роденден, во „Албертина“ се отвора сеопфатна ретроспектива, која ќе трае до 1 декември.

Ван Гог можеше да се види и во „Музејот на Ван Гог“ во Амстердам. Изложбата се занимаваше со славниот мотив и една од најпознатите сцени во светот на уметноста, сончогледите. Поставката опфати 23 дела, пред сѐ поврзани со периодот на неговиот престој во Жолтата куќа на југот на Франција, во Арлес во 1888 година.

Ли Креснер, големата американска сликарка и пионерка на апстрактниот експресионизам, која досега главно беше во сенка на својот сопруг, Џексон Полок, најпосле доби внимание во Европа. Лондонски „Барбикан“ беше првата станица на нејзината патувачка изложба – ретроспектива „Ливинг колор“, која сега оди понатаму – во Франкфурт, Берн и во Билбао.