Меѓународното жири на 5-от Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој се одржа од 18 до 24 јуни, во состав Иван Лео Лемо (претседател на жирито), Магдалена Ризова Черних (член) и Љупчо Петрушевски (член), по проследувањето на шесте претстави (три од Македонија и три од регионот) едногласно ја донесе одлуката наградата гран при за најдобра претстава да ја добие претставата „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“ од Босна и Херцеговина. И наградата за најдобра режија ја доби Алеш Курт за истата претстава.
Наградата за најдобра машка улога му е доделена на Фаик Mефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на „Театар Џинот“ од Велес, Македонија. Наградата за најдобра женска улога ѝ се доделува на Сања Крстовиќ за ликот на Живка во претставата „Госпоѓа Министерка“ на Народниот театар од Ниш, Србија. Наградата за најдобра епизодна улога се ѝ доделува на Анета Томашевиќ за улогата Госпоѓа Потер во претставата „Kидај из моје кухиње“ на Шабачкиот театар. Наградата за костимографија ѝ се доделува на Елена Дончева за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“ на Н.Т. „Антон Панов“ – Струмица. Награда за млад актер им се доделува на актерите Ефтим Трајчев Ѓаурски од НТ „Штип“, за улогата во претставата „Умри машки“ и на Давор Сабо од „Сараевскиот воен театар – САРТР“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакаломистобо“.