Националната опера и балет на големо задоволство на публиката вечерва гостува во Прилеп. Од 20 часот во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ ќе го изведи балетот „Болеро“ и ќе се претстави со оперски концерт.

Танцот ги поврзува уметноста и културата, што ги обединува сите нации низ целиот свет. Танцот е универзален јазик. Можеби од тука доаѓа и инцпирацијата за “ Болеро , кое носи емоција на среќа, на преродба, на нови почетоци, на надеж.

Во вториот дел е настапот на оперските пејачи од НОБ, кои ќе изведат дела од Чилев, Маскањи, Моцарт, Бизе, Пучини, Чајковски. Ка.М.