Настанот „Да инвестираме во футуризмот: културните пејзажи на еден постсоцијалистички град“, во организација на центарот за научно истражување и промоција на културата ХАЕМУС, во соработка со „форум ЗФД“, ќе се одржи вечерва, во 19 часот, во „Кино култура“.

За време на настанот ќе се прикаже документарниот филм „Бетонски спијачи: епизода Скопје“, во продукција на „Хулахоп“ од Загреб, Хрватска. По филмот, ќе се одржи панел-дискусија, на која ќе се разговара за предизвиците за зачувувањето на социјалистичкото наследство, неговата промоција и потенцијал.

Овој настан ќе ги адресира прашањата на кој начин постземјотресно и социјалистичко Скопје и неговото културно наследство се дефинирани во јавниот и професионалниот дискурс и какво знаење се инвестира во ова наследство.