Народниот театар Битола вторпат има можност да гостува во Кина на повеќе сцени со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин во режија на Итаи Дорон, режисер од Израел.

– Да се пишува еден ваков текст во годината во која нашиот домаќин Кина слави 70 години од своето формирање како современа држава, а притоа станува збор за една од најстарите светски цивилизации, е огромна привилегија, но и одговорност во исто време. Поводот за тоа е исто така во голема мера значаен.

Ова не е прво гостување на Битолскиот театар во Кина, но е најголемото на еден македонски театар на кинеска почва. Овој пат одиме со комплетна екипа, сценографија и костими, гостуваме во Шангај и во Пекинг – велат од театарот.