Здружението на граѓани „Театроск“ од Скопје за актот „Контрабас“ освои прво место од гласањето на публиката на интернационалниот натпревар за живи статуи кој беше дел од музичкиот фестивал „Зигет“ во Будимпешта.

– Со освојувањето на оваа награда, се пласиравме директно на светското првенство за живи статуи за 2019 година кое ќе се одржува во Архем, Холандија – соопшти „Театроск“, единствено здружение во Македонија што се занимава со пантомима и живи статуи.

Повеќе години „Театроск“ ја претставува Македонија на најпознатите интернационални улични уметнички фестивали во Европа.