Државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин”, која се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството годинава нема да се додели, бидејќи ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број на гласови.

Како што информира Министерството за култура, Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди на седницата одржана на 26.11.2019 година донел одлука државната награда „Мито Хаџи Василев -Јасмин” да не се додели на ниту еден од пријавените кандидати.

-Одборот одлучи како во точка 1 од оваа Oдлука со оглед на тоа што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство гласови за добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2019 година. Оваа Oдлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија – се вели во соопштението.