На годинашниот 12. Меѓународен филмско-музички фестивал „Кустендорф“, Златното јајце за најдобар филм му припадна на швајцарскиот филм „Полн пансион“ (All Inclusive), на режисерката Корина Швингрубер Илиќ.

Во конкуренција на 21 филм, втората награда – Сребреното јајце отиде кај Огњен Петковиќ за филмот „Есенски валцер“ (во копродукција на Србија и САД), а третото – Бронзено јајце – за Микел Сторм Гломстејн и норвешкиот „Сортирање“.

Специјални признанија добија Саша Карановиќ за филмот „Костакурта (Бајка за Сатанкрајина)“ (БиХ) и Иларио ди Карло за „Божествен пат“ (Германија). Емир Кустурица ја прими наградата за севкупен придонес, признание чиј прв добитник беше Нелсон Мандела.

Гости на фестивалот беа актерите Мет Дилон, Серџо Лопез, Марчело Фонте, Адријано Тардиоло и Лука Чиковани, режисерите Давид Елхофен, Дамијано и Фабио Диноченцо и продуцентот Андреа Гамбета.

Специјани наградата им беа доделени на Серџо Лопез и Славко Штимац.