Mултиуметничкиот перформанс „МАРДАМ“ ќе се одржи утре на Школка во Градскиот парк каде, со почеток во 19 часот, пијанистот Арда Мустафаоглу, придружуван од квартетот „Strength“, ќе се претстави со класични дела на Шопен, Прокофјев, Ерик Сати, Фазил Сај, кои ќе бидат инспирација за ликовниот уметник Мирослав Масин да создава уметнички дела во кои публиката ќе може непосредно да ужива.

„МАРДАМ“ е скромен обид градскиот парк во Скопје да прерасне во место каде класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе бидат достапни на посетителите.