Вечерва од 20.00 часот во киното Мис Стон при ЦК „Марко Цепенков“ ќе се изведе мултимедијалниот концертен перформанс „Сонувања за заборавеното“, поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018 година. 

Перформансот е базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминира изведба на класична „западна“ музика од 17 и 18 век, кон која како еден можен контрапункт ќе бидат вклучени нејзините источни „паралели“, потипични за поднебјето кое не oпкружува, а тоа се традиционални стилови на пеење (изворно, византиско пеење). Целата слика ќе биде надополнета и збогатена со визуелен перформанс, учесници се оперски пејачи, пијанист, ликовен уметник, музичари, а режисер е Димитар Ѓорѓиевски.

Ка.М.