Вечерва со почеток во 18 часот, во големата сала од Центарот за култура во Кичево, од страна на ученици од сите националности од градот, ќе биде изведена Мултикултурна театарска претстава,што е дел од проектот „Околу светот, културен клуб и мултикултурен камп“.

– Вечерва група ученици од нашиот град, од сите националности што живеат на просторите на Општина Кичево, ќе изведат Мултикултурна театарска претстава, која во целост е подготвена од нивна страна и истата ќе ја изведе актерска екипа од самите ученици, на два јазика, на македонски и албански. Претставата ќе ја сочинуваат приказни, басни и песнички и ќе биде спој од сите култури на учесниците. Оваа мултикултурна театарска претстава е дел од проектот „Различноста е во мода -промоција на Мултикултурализмот на локално ниво“. По мултиклутурниот клуб што пред две недели беше организиран во ОУ„ Санде Штерјоски“, вечерашнава театарска претстава ќе биде втор дел од овој проект, со кој се зголемува толеранцијата и разбирањето помеѓу лицата оддругите националности присутни во општината и кој финансиски е подржан од ЕУ – рече Арбен Ристеми член на проектниот тим. З.А.