Посети го музејот

Музејот е основан во 1993 година и денес претставува локална установа чијашто надлежност е да овозможи заштита, чување и промоција на културно-историското наследство на подрачјето на градот Кратово и неговата поширока околина.
Од 2008 година на музејот му е доделена Саат-кулата, како простор со кој треба да управува и да се грижи за него. Саат-кулата е една од шесте кули што опстанале од средновековниот и турскиот период на градот.
Музејот на градот Кратово е сместен во стара турска куќа, која е заштитена со закон, под која се наоѓа стариот турски затвор.
Во музејот постојат три мали поставки, каде што се изложени соодветните збирки на наоди, како што се: археолошката, историската и етнолошката поставка, секоја со мала поставка, а постои и Одделение за конзервација на наодите.