Посети го музејот

Музејската збирка „Библиотека Искра“ работи во состав на библиотеката „Искра“ од Кочани, како посебна организациска единица од 1985 година.
Таа има мала постојана археолошка и етнолошка поставка, која е сместена во средновековната кула во централното градско подрачје. Собира, обработува, чува и презентира музејски материјал. Организира повремени тематски археолошки и етнолошки изложби и ликовни изложби во кои се ограничува на локални автори. Главниот акцент при работењето е ставен на истражувачки работи и набавка на музејски материјал, обработка и чување на материјалот, презентација и популаризација на музејската дејност, образовно-културно дејствување помеѓу младата популација…
Библиотеката „Искра“ е една од постарите библиотеки во нашата држава. Нејзините почетоци ги наоѓаме во далечната 1941 година, како „Градско читалиште“, а потоа, со текот на годините, официјалниот назив неколкупати се менува. Денес библиотеката е регистрирана како Јавна општинска установа библиотека „Искра“.