На 30 октомври, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар со почеток во 12.30 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена како „Моја Истра“ од хрватскиот уметник, Сара Длака.

Сара Длака е од Лабин, Хрватска, има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, а има учествувано и реализирано повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, Хрватска и Србија.

Културниот настан е во рамките на овогодинешното издание на Манифестацијата „Демирхисарска културна есен“, зад која стои Здружението за афирмација на културата и развој на руралниот туризам „Граѓанска актива Икарус“ од Демир Хисар, а е поддржана од Министерството за култура и Општина Демир Хисар.