Љубовта на луѓето кон Њујорк зазема многу форми, од баладата на Френк Синатра до поемата на Франк О’Хара. Новоотворениот „МоМА“ (Музеј на модерната уметност) ги поздравува посетителите во своето лоби со голем мурал на иконското лого на „Го сакам Њујорк“.
Логото беше замислено како туристичка кампања во 1977 година од легендарниот графички дизајнер Милтон Глејзер, кој почина во јуни, на возраст од деведесет и една година. Неговите уметнички дела се поставени како експонати на постојани колекции во многу музеи низ светот. Тој е креаторот на знакот „Ај лав Њујорк“, на логоа за „Трагет“, „Џет Блу“, „ДИСИ Комикс“, на дизајнот на секвенцата на отворање на „Мед мен“, на дизајните на постер за музичарот Боб Дилан.
Милтон Глејзер ги поместува границите на дизајнот со создавање моќни и безвременски дизајни. Еден од неговите совети за графичките дизајнери е: „Улогата на графичкиот уметник денес е улога на добар граѓанин, според мене, тоа значи учество во општествениот живот и активно дејствување да ја подобрите постојната состојба“.
За да осигури безбедно намален капацитет, „МоМА“ прави временски распределени билети достапни на официјалната страница на музејот, а влезот ќе биде бесплатен до 27 септември.