Македонскиот народен театар продолжува со учеството во хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која е дијагностицирана Anemia aplastica, болест за чие лечење е неопходна трансплантација на коскената срж.

МНТ и екипата на претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Синиша Евтимов, а во која играат Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ, одлучија средствата добиени од изведбата на 11 ноември 2018 година да бидат уплатени на сметката на Сара Настеска.

Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара.