Македонскиот народен театар, Драмски театар – Скопје и Театарот за деца и младинци ги откажаа претставите до 13 март, поодлуката на Владата за продолжување на препораката за откажување на сите јавни собири како превенција од коронавирусот.

– Во согласност со препораката на Владата на Република Северна Македонија донесена на ден 06.03.2020 за неодржување јавни настани до 13 март, Н.У. Театар за деца и младинци ги одлага закажаните претстави во овој период. За продолжување со редовниот репертоар, Театар за деца и младинци дополнително ќе ја информира јавноста – соопштија од театарот.

И МНТ и Драмски се огласија со исто соопштение.

– По препорака од Владата на Република Северна Македонија, која беше донесена на ден 6 март 2020 година, а истата се однесува за неодржување на јавни настани до 13 март, ја известуваме јавноста дека Македонскиот народен театар ги одложува сите настани и претстави кои беа закажани во тој период, заклучно со 13 март 2020 година. За продолжување на редовната репертоарска програма дополнително ќе ја информираме јавноста – соопштија од МНТ.

Со исто соопштение се огласи и Драмскиот театар .

– На 14-тата седница, Владата на Република Северна Македонија го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните собири и настани. Согласно тоа, НУ Драмски театар Скопје ја известува јавноста дека го одложува репертоарот заклучно со 13.3.2020г. За продолжување на редовниот репертоар дополнително ќе ве известиме – соопштија од Драмскиот театар.