Македонскиот народен театар на првата претстава, по паузата поради пандемијата, ги поканува хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари. Претставата „Говорна мана“ ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот.