Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат учениците од државните музички училишта.

На програмата се дела од Хајдн, Пихл, Штамиц, Моцарт, Глук, Сен-Санс и Григ. Како солисти ќе настапат: Софија Михајловска – пијано (седмо одд., класа: проф.м-р Ана Трајановска), Огнен Златанов – контрабас (втора година, класа: проф.м-р Благој Маротов), Јосипа Василевска – флејта (прва година, класа: проф. Николина Ефтимова Тодоровска), Виктор Рафајловски – пијано (трета година, класа: проф. Катерина Фидановска Ќетковиќ), Теодора Пејиќ -соло пеење (трета година, класа: проф.Александра Коцевска), Магдалена Дрмач – виолончело (И година, класа: проф. Александра Јаневска) и Гоце Златев – пијано (прва година, класа: проф. Славица Мицевска).

Концертот „Младите доаѓаат“ ќе го води местро Сашо Татрчевски.