По ретроспективите на Петар Мазев и Борко Лазески, со кои почна јубилејната година, во „Даутпашин амам“ повторно е вратена постојаната поставка, дел од богатата колекција на Националната галерија на Македонија. Во мај како дел од нивната програма, поточно едукативниот сегмент, ќе се реализира изложба тематски врзана со нашата богата збирка на културно наследство, односно постојаната поставка.

Младинскиот пролетен салон, кој лани имаше јубилеј 10 години, оваа година има тема насловена „Лајк“, инспирирана од споменатата збирка. Творбите на младите од целата земја што произлегоа од претходно одржаните работилници претставуваат вид омаж, инспирација, почит и чествување на нашите големи мајстори, уметници од македонското ликовно творештво. Нивните дела ќе бидат претставени со изложба во „Мала станица“ од утре. Отворањето на изложбата ќе биде во 19 часот, а за најуспешните млади автори се предвидени признанија и награди.