Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржува меѓународната конференција „Балкански музеи без бариери #2“. Настанот е во организација на Балканската музејска мрежа и фондацијата „Културно наследство без граници“ од Босна и Херцеговина. Учествуваат 40 музејски професионалци од Балканот и пошироко, за да ги разменат искуствата и знаењата за да ги направат музеите инклузивни и пристапни за сите посетители.
Балканската музејска мрежа и фондацијата „Културно наследство без граници“ се залагаат за инклузија на лицата со попречености во презентацијата на музејските колекции, изложби и активности. Првата конференција беше организирана во Сараево, во 2014 г.