Седмата меѓународна конференција „Запознај, види направи!“ (Meet, See, Do) на Балканската музејска мрежа ќе се одржи на 29 и 30 септември во НУ Музеј на македонската борба за самостојност. Во два работни дена и 14 сесии, 50 професионалци од земјава и од Велика Британија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Грција, Косово и Бугарија ќе дискутираат на тема За што се музеите? Назад кон основите!

Конференцијата е во организација на НУ Музеј на македонската борба за самостојност и Балканската музејска мрежа, една од најважните регионални платформи којашто ги обединува музеите и професионалците кои работат во заштитата на културното наследство од балканскиот регион.

Свеченото отворање на конференцијата е денеска со почеток во 10.30. Конференцијата се реализира со поддршка на Министерството за култура како дел од Годишната програма, и со помош од Градот Скопје.