Од 7 до 9 јули во Битола ќе се одржи единаесеттиот по ред меѓународен поетски фестивал „Поетски синтези“. На фестивалот ќе учествуваат седумнаесет поети од Германија, Хрватска и членови на ДПМ. Организатор на фестивалот е Здружението за наука и култура „Нова“ во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“.

Фестивалот ќе биде свечено отворен на 7 јули во 20.30 часот под отворен небо во амбиенталниот простор Магаза во центарот на градот со избор на стихови од маркантните имиња од македонската поезија: Константин Миладинов, Блаже Конески, Петре М. Андреевски. Потоа следува поетската интерпретација на седумнаесет поети меѓу кои: Јасна Софија Косановиќ од Штудгард, Љубиша Симиќ од Франкфурт, Валерио Орлиќ, Анкелка Корчуланиќ и Срџан Духовиќ, тројцата од Хрватска, Ленче Милошевска, Мирјана Стојановска, Бобан Богатиновски, Љузлим Хазири и други. Вечерта ќе биде доделена традиционалната награда „Поетска муза“ на поет за најдобра интерпретација и композиција на песна.

Во понеделник, на вториот фестивалски ден во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во 10 часот ќе се одржи Симпозиум на тема: Поетското творештво на Петре М. Андреевски на кој со свои трудови ќе настапат учесниците на фестивалот. Истиот ден во 19.30 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Ромска душа“ од Јасна Софија Косановиќ, во издание на Здружението за наука и култура „НОВА“, објавена со поддршка на Министерството за култура. Препевот на оваа книга го направи Ленче Милошевска, а рецензијата е на Мирјана Стојановска која ќе биде и промотор на книгата. Во
продолжение ќе следуваат и промоции на книгите: „Молитва на пастирот“ од Валерио Орлиќ, „Пронижена од тебе“ од Ангелка Корчуланиќ, „Утро во Франкфурт“ од Мирјана Стојановска, „Маратон“ од Љубиша Сими и „Зборот е светлина“ од Ленче Милошевка.
Поетскиот митинг вечерта ќе продолжи во кафетеријата „Бар Чаршија“ во Битола.

На третиот фестивалски ден авторот Љубиша Симиќ ќе има средба со најмладата публика преку интерпретација на песни од книгата за деца „Маратон“.