Првпат во својата 150-годишна историја музејот „Метрополитен“ вработи куратор со индијанско потекло на полно работно време. Патриша Марокин Норби е именувана за специјализирана кустоска за уметност на домородните Американци во „Мет“. Норби е докторка по американски студии од Универзитетот во Минесота-Твин Ситис, со специјализација во историјата на уметноста на домородните Американци и визуелната култура.
Таа работи на развој на колекции и програмирање изложби што се фокусираат на уметностите на домородните Американци и е „во дијалог со културно разновидната продукција“. Покрај тоа, Норби исто така го надгледува и формирањето партнерства со домородните американски заедници, научници, уметници и публика.

– Чест ми е да им се придружам на индијанските и домородните уметници и заедници во унапредувањето на нашите различни искуства и гласови на изложбите, колекциите и програмите на „Мет“. Ова е време на значајна еволуција за музејот – вели Норби во соопштението за печатот.
Норби бележи и искуство како доцентка по индијански студии на Универзитетот во Висконсин-Оар Клер. Таму таа предаваше Историска и современа историја на уметност и култура на домородните Американци.
– Возбуден сум што конечно ја имаме Патриша Марокин Норби во „Мет“, по долго и конкурентно пребарување на нашиот прв куратор со полно работно време во секторот на уметноста на домородните Американци, позиција што е особено значајна – изјави Макс Холејн, директор на „Мет“.
Норби, наградувана научничка за историја на уметност и визуелна култура на домородните Американци, исто така, е искусна музејска професионалка.

– Со нетрпение очекуваме да ја поддржиме нејзината стипендија и програмска соработка со колегите од „Мет“, како и со домородните заедници низ целиот регион и континент за нашата разновидна меѓународна публика – додава Холејн.
Норби работи на својата претстојна книга, именувана „Вода, коски и бомби“. Публикацијата ги испитува југозападните уметнички дела од 20 век и еколошките конфликти меѓу домородните Американци, латиноамериканските и белите заедници во северната долина Рио Гранде.