По повод одбележувањето 76 години од депортацијата на македонските Евреи, Еврејската заедница и Фондот на холокаустот ја отвораат постојаната изложбена поставка на Меморијалниот центар на холокаустот, денеска во 12.30 часот.

На церемонијата ќе се обратат: Берта Романо Николиќ, претседателка на Еврејската заедница, Рабин Ендрју Бејкер, директор за меѓународни односи во Американскиот еврејски комитет, личен претставник на претседавачот во ОБСЕ во канцеларијата за борба со антисемитизам, претседавач на Меѓународниот советодавен одбор во Фондот на холокаустот, Роберт Сингер, извршен потпретседател и главен извршен директор на Светскиот еврејски конгрес, Зеев Елкин, министер за Ерусалим и министер за заштита на животната средина на Израел и Зоран Заев, претседател на Владата.